Записи: Адети, вампири, сеништа, наречници – во ова се верува во Македонија


Македонската традиција е поврзана со многу обичаи, ритуали и верувања поврзани со митски суштества. Нашата проза и поезија, сказни се полни со како што се тврди народни искуства и прераскажувања за средби со овие суштества. Еве во што се се верува во Македонија

1. ВАМПИРИ

Кај нас во Македонија, во некои места, има адети кои се спроведувале за да се осигура дека мртовецот нема да се повампири. како на пример, во Скопска Црна Гора, еден од домашните во собата каде што лежел мртовецот, на земјата или на подот под него заковувале клинец. Исто така со покривка ce покривало ce што e од стакло во собата: огледалата, a во поново време телевизорот и радиото.

Skelet-vampira-u-Poljskoj

Ликот на вампирот во македонските верувања и во усната проза воопшто e еден од најнепрочуените демонски суштества. располагаме со богат материјал од XIX век и со материјал собран во наша современост.

Најверојатно првите записи за вампири му припаѓаат на познатиот македонски собирач на усното творештво Марко К. Цепенков, и повеќето од нив ce однесуваат на верувањата во Прилеп и Крушево. Меѓутоа, верувањата во вампири несомнено биле раширени во сите краишта на Македонија. Тоа ce верувања и преданија, создадени врз основа на доживувањата на одделни луѓе, коишто доаѓале во контакт со вампирите.

Цепенков соопштувајќи ни ги своите записи за сеништата и вампирите ,  инсистира на прифаќање на вистинитоста , бидејќи тоа не се преданија , туку тоа вистина се случило .

Според народното верување, во текот на животот душата и телото на човекот чинат неразделна целин. Ce верува дека душата може привремено да го напушти телото и тогаш постои опасност во него да ce вселат лоши духови. Кога некој ќе почине на шестата недела ce вика поп за да ја отпее душата. Ако во моментот на отпејувањето душата e во гробот тогаш не постои опасност да стане вампир или гробник, a ако не ce наоѓа во гробот таа засекогаш ce претвора во вампир или гробник. Според некои верувања, секој човек e потенцијален кандидат да стане вампир или гробник, но како што е истакнато лошите, злонамерните, злобните и грешните луѓе ce оние што најмногу стануваат такви суштества. Познат мотив во фолклорот на многу народи, a кај нас меѓудругото сврзан со името на Марко Крале, кој поради предавство ја проколнал својата сестра да не ја прима земјата. Клетвата на Марко ce исполнила и земјата девет пати го исфрлила нејзиното тело. Предавството, според народот, ce смета за еден од најголемите гревови.

Кај Македонците познати ce различни називи на овие демони: во Гевгелиско – вампирин, во Охрид – вопер, гробник, во Преспа – вопир и сл. Поимот гробник, според некои верувања, e друг тип на демонско суштество, но сепак слично на вампирот.

2.ТАЛАСАМИ
Покрај вампирите и вештиците , Цепенков забележува уште една страшна појава таласами . Таласами е место кадешто имало луѓе отепани и закопани од арамии .

mitski sustestva3.САМОВИЛИ
Во јужнословенската митологија самовилите се женски натприродни суштества кои им се наклонети на луѓето . Замислени се како убави девојки со златна коса и со крила . Живеат далеку по планините , покрај вода или во облаците . Постои верување дека се раѓале од росата на некое цвеќе , кога паѓа дожд и грее сонце или кога на небото се појавува виножито . Своите раскошни дворци ги граделе на облаците .

Можат да се преобразуваат во различни животни , лебед , сокол , коњ или волк .

Нивниот опис одговара на митските суштества нимфи . Понекогаш ја поседуваат способноста и за пророкување . Самовилите се мошне популарни ликови и во македонските народни приказни . Им се потчинуваат само на оние што ќе им ја земат облеката , а ако некој им ги одземе крилата , се преобразуваат во обични жени . Губењето на моќта , може да биде причина за нивна преобразба . Помошта на самовилата , најчесто е условена , јунакот треба да исполни една или три задачи за да го добие нејзиниот совет или нејзината помош. Како што е забележано во зборникот на браќата Миладиновци :

„Самовилите живеат на планини ; љубет многу да играет оро . Тие се чинет посестрими со големите јунаци , и на нуждата им помогват и ги спасвеет од смрт ; а в обште за луѓето сет лоши . Тие љубет да ослепват човекатого .“

4.ЛАМЈА
Според верувањата собрани од Егејска Македонија ламјата е опишана како животно кое настанало од пресечена глава на змија , која се пикнала во рог на  бивол од што почнала да расте и се создала ламја . Даден е следниот опис : „Големата ламја има кучешка глава со големи остри заби , четири нозе со големи и остри нокти и опашка , на чиј крај стои сраснатиот рог , а телото и е покриено со големи модри лушпи како кај рибата “… Се смета дека ламјите живеат во пештери и дупки каде што чуваат големи богатства . Во кажувањата на информаторот на Ј. Обрембски за ламјата  се вели дека ламјата е чувар на водите и изворите :
„Господ , таја – Господ , чувај , брани – народ голат , народ , стока . Вода негде ќе заптисат , не мет народ вода да пијет …“

При описот на ламјите во приказните , иако не постои некоја јасна претстава за надворешниот изглед на ламјата , при трансформирањето таа го завзема оној облик кој во дадената ситуација и е потребен за да ја оствари својата цел . Нејзината појава најчесто се врзува со ветрот и громотевиците . Таа може да се трансформира во змија , во орел , во човек и др .

duhovi-foto65.СЕНИШТЕ
„Кога станува збор за сеништа и вампири , разликата е очигледна . Тие иако се суштества на имагинацијата не се ситуирани во свет кој е имагинарен , туку навлегуваат во реалниот свет .“Сеништето кај Цепенков е прикажано преку преданието раскажано од некој човек Јован Донев . Сеништето најпрвин се јавува на полноќ , како кокошка , потоа се престорува во коза со страшни рогови . Третиот пат се трансформира во голема сенка која почнува да го гази човекот .

6.ЈУДИ
Јудите се жени кои се удавени во вода , а потоа престорени во мажи . Тие одат пред облакот и облакот го водат , и кога врне тие одат напред . Удавените со облакот одат : од вода во вода . Оној што е удавен го викаат јудејко , (јудеј – с‘јудајил ), наведува информаторот на Обрембски

7.НАВИ
Во словенската митологија навите се олицетворение на смртта . Тоа се демонски суштества кои настанале од душите на мртвородените и некрстените деца . кај Цепеков е даден опис на обликот во кој се јавуваат навите : „ѓоа биле некакви пилци што летале многу нависоко по лошите ветрови и си пееле накако песни латински …“ Пеењето на навите можеле да го слушнат само трудните жени . Понекогаш навите завивале и плачеле како мало дете и влегувале низ оџакот каде што имало жена што треба да роди . За растерување на навите се прикажани разни обичаи и баења , Се прскало со мед и босилек или при истерувањето на навите се кажувале некакви магични зборови .

8.НАРЕЧНИЦИ

narecniciНаречниците се митски суштества кои се среќаваат кај сите словенски народи . Македонските приказни за судбината , најчесто се врзани со наречниците . Во народните приказни на Цепенков како надоврзување на значењето на среќна или несреќна судбина , се среќава употребата на зборот „ к’сметот “. Тие се три жени , кои доаѓаат на третата вечер од раѓањето на новороденчето , да му ја претскажат животната судбина .

Многу ретко може да се сретне детален опис на нивниот физички изглед и во каков облик можат да се сретнат . Наместа тие се опишани како млади жени , а на места се опишани како стари баби со искинати опинци , кои одат со стап во рацете .Овие митолошки суштества , прикажани во невидлив и воздушест облик , поседуваат извесни човечки карактеристики . Тие можат да се налутат доколку се попречува исполнувањето на нивното пророкување . Поседуваат маѓиска моќ да го престорат во камен оној кој ќе го слушне и ќе го открие нивното претскажување .

на наречниците на третата вечер им се принесува еден вид на жртва (леб , сирење и мед ). Овој обичај кој влече корени многу оддамна , е присутен кај повеќе словенски народи , а до ден денешен се практикува и во нашата средина при раѓање на новороденче. Според Чолаков , првата Наречница на детето му дарува мудрост , го учи да чита , втората му дава здравје и убавина , а третата го следи низ целиот негов живот .

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1