Запленети 126 килограми марихуана на Табановце


Околу 126 килограми високо квалитетна марихуана е запленета вчера на граничниот премин Табановце. Дрогата е пронајдена во автобус со македонски регистарски таблички кој бил управуван од македонски државјанин со иницијали Б.Т.


08012013130516_marihuana kesiДел од марихуаната, односно 64 килограми биле скриени во горниот дел на кровот во специјално направен бункер, а 62 килограми во делот за вентилација.
Автобусот сообраќаел на релација Струга- Виена-Струга, а од досегашната предистражна постапка е откриено дека сопственикот на транспортната компанија се согласил за 40 илјади евра да ја превезе дрогата до Унгарија.
Дрогата била спакувана во Тирана и натоварена на кровната конструкција на автобусот кој во тоа време сообраќаел на релација Куманово-Тирана-Куманово, а по пристигнувањето во Македонија бил поставен да оди на релација Струга-Виена- Струга.
– Поради несоодветното однесување на возачот и малиот број на патници, само тројца, царинските службеници се посомневале и извршиле детален преглед на возилото при што откриле 126 килограми марихуана, изјави денеска директорот на Царинската управа Ванчо Каргов.
Тој напомена дека станува збор за високо квалитетна дрога која во големопродажба на нарко пазарите во Европа би достигнала цена од околу 300 илјади евра, а во малопродажба и до еден милиоин евра.
Против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотички дроги“.
Ова е втор случај на заплена на дрога на граничниот премин Табановце во последните 15 дена. Претходно во возило беа откриени околу 15 килограми марихуана сместени во делот за плинска боца.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1