Дури 78 заштитни елеци, панцири полицијата пронашла при претресот во кацијата во која беше приведена трочлената фалсификаторска група, објави Пресс 24.
Дали и за што се користеле панцирните елеци, истрагата се уште утврдува. Полицијата треба да провери за какви цели групата кај себе држела толку голема количина тактичка опрема со која може да се опреми една цела чета.
Криминалната група која беше приведена има дебело полициско досие. Меѓу кривичните дела за кои биле гонети има и такви од областа на насилниот криминал. Не се исклучува можноста панцирните елеци да се требало да бидат логистичка поддршка за друга криминална група.
Официјални информации од органите на прогонот се уште не може да се добијат.