Новиот лек за спинална мускулна атрофија „золгенсма“ имал голем успех во САД, но се уште се чека на негово одобрение од регулаторите во Европската унија и Јапонија.
Извршниот директор на „Новартис“ Вас Нарасимхан тврди дека тоа нема никаква врска со неодамна објавените извештаи за наводна манипулација со податоците од истражувањето.
Но, сепак признава дека има многу отворени прашања поврзани со неговото производство.