Започна со работа првата галија на Вардар


Првата галија на Вардар „Ројал Македонија“ која планира да работи како кафуле и мезе-бар, овој викенд ги пречека првите гости. Станува збор за галијата која е поставена во близина на МЕПСО.

Според инвеститорот на овој брод и на бродот што се гради наспроти новото МНР, Давор Андреевски, кој исто така е и сопственик на фирмата „Фаланга“, објектот започна со работа во саботата.

galija33„Немаше потреба од гламурозни и спектакуларни отворања. Работиме најнормално и утринска и дневна шема, до 1 часот по полноќ. Имаме кафе, пијалоци, храна, мезиња…“, изјави тој за Утрински весник, пренесува фактор.мк.

И двата брода имаат конструкција од челик и дрво, додека пак внатрешноста е изградена од гипс-картон, односно изградени се од материјал кој може лесно да се демонтира бидејќи станува збор за урбана опрема.

Покрај фирмата „Фаланга“, галија во Вардар гради и сопственикот на ресторанот „Воденица“. Таа галија е предвидено да биде хотел со 16 соби и два апартмани. Ќе има три ката, ќе биде долг 35, широк 16 метри со едра високи 35 метри. Сплавот генерално ќе биде изграден од дрво.

Покрај овие три, се предвидува изградба и на нови три галии кои ќе бидат на другата страна на Вардар, но засега нема заинтересирани инвеститори кои ќе ги изградат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1