Заедничките напори на неколку земји е да започнат со изградба на „Квадратна километарска решетка“ – радиоинтерферометар со чија помош научниците имаат намера да ги извлечат последиците од Големата експлозија (The Big Bang) . Исто така тие планираат конечно да откријат вонземјани.
Како што најави кинеската Национална опсерваторија, тоа ќе биде најголемиот радиоинтерферометар во светот, а во неговата изградба ќе учествуваат 11 земји: Тоа се: Австралија, Велика Британија, Канада, Кина, Германија, Индија, Италија, Нов Зеланд, Јужна Африка, Шведска и Холандија.
Договорена е веќе првата фаза која ќе чини 650 милиони евра.
Првата фаза, инаку предвидува подигање на територијата на Република Јужна Африка 200 антени (чинии), а на територијата на Австралија преку сто илјади „вибрациони“ антени.
Во проектот се вклучени научници од повеќе од стотина институти од 20 земји.
Се очекува проектот да започне во 2018-та година и астрофизичарите од овие 11 земји планираат веќе во 2020 да ги добијат првите податоци.
Сите антени ќе се фокусира на “набљудување” на пулсот и црните дупки и проучување на гравитацијата.
Посебно внимание ќе биде посветено на најстарите ѕвезди, кои беа формирани во текот на првите милијарда години по Биг Бенг.