Еве ги петте најстари луѓе во светот и нивните искрени совети за живеење долг, долг живот:
1. Мисао Окава, 116, Јапонија – Окава е родена во Осака, Јапонија во 1898 година. Таа за британскиот Телеграф изјави на нејзиниот 116-ти роденден: „Треба да научите да се релаксирате“.
2. Гертруда Вивер, 116, Арканзас – Вивер е најстариот жив човек во Америка и го слави својот роденден на 4-ти јули. Таа вели дека нејзината вера е она што ја одржува. „Треба да го следите Бога. Немојте да следите некој друг”.
3. Јерален Талли, 115, Мичиген – Талли израснала на Југот и била во брак 52 години, потоа нејзиниот сопруг починал. Таа живее со нејзината ќерка и ужива играјќи си со нејзините пра-пра-правнуци, па дури и оди на годишно патување за риболов!
4. Сузана Мушат Џонс, 115, Њујорк – На 115 години, Мушат Џонс е сè уште енергичната како некогаш. Освен губењето на видот поради глауком, единствениот здравствен проблем кој го има е крвниот притисок.
5. Ема Морано-Мартинуци, 115, Италија – Морано-Мартинуци е родена само неколку дена пред крајот на векот во ноември 1899. Таа смета дека нејзината малку невообичаена исхрана е рецептот за нејзината долговечност. Кога таа имала само 20 години, нејзиниот доктор ѝ рекол да јаде едно сурово и едно варено јајце дневно, и од тогаш таа го прави тоа секој ден.