Запрен лет од Амстердам до Париз поради закана на Твитер, потпишана oд Џихади Џон


На аеродромот во Амстердам се евакуирани патниците од авионот, кој требаше да лета за Париз, Франција, соопштува Агенцијата “Франс прес”. Според податоците на полицијата, причина за евакуацијата на патниците од летот AF1741 која лета на курс од Амстердам до Париз, е публикација на Твитер.20151114.uqjsieegap

“Ја заборавивте Русија? Чекај да видиме што ќе се случи со AF1741 “Амстердам-Париз”, гласи пораката објавена на социјалната мрежа.

Постот е потпишан со името на крвникот на “Исламска држава” Џихади Џон. Од него, исто така, се најавува за подготвувани терористички напади во Амстердам и Брисел.

Службите за безбедност на Холандија не открија експлозивни направи на авионот, кој летал од Амстердам до Париз.

Ова го соопшти De Telegraaf, повикувајќи се на претставници на воената полиција.

“По претрес на авионот патниците се вратиле на палубата. Никакви сомнителни предмети не се откриени”, објавија органите на редот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1