Заработува, а не работи ништо


Ли Беамонт веќе бил побудален од ѕвонењето на телефонот, неможел мирно да си седи, да се разбуди кога сака, ниту да се истушира, да си ја гледа омилената серија, а притоа да не го нападне со некоја анкета или иритантна рекламна понуда.

Затоа одлучил во ноември 2011 година да уплати десет фунти и отворил лична телефонска линија 0871.

zarabotuva111

Кога имате таква линија, секој повик на нејзиниот број носи пари, а во случајот на Ли по едно пени. Тој досега заработил нешто повеќе од 300 фунти. Својот вистински број на мобилниот телефон го дал само на најблиските пријатели и семејството, додека на сите други адреси како контакт го остава бројот 0871.

И понатаму го повикуваат, постојано. Тој заработува дури и кога не одговара на телефонот. Но откако заработувачката малку му опаднала во однос на минатата година почнал да се јавува на телефонот и да се прави дека го интересираат понудите, се со цел да направи што повеќе импулси, а со тоа и пени на сметката.

Тој признава дека новиот режим го смени неговиот став кон таквите повици. А бидејќи работи од дома има време и сега на различни начини се обидува да ги поттикнува компаниите да го „малтретираат“.

Британската компанија „Фун пеј плус“, која управува со сервисните броеви се оградува од оваа идеја и нагласува дека никого не би ја охрабрила да се обиде истото да го направи.

Беамонт вели дека до сега никој не го прашал зошто го дава бројот 0871, туку само би го запишале и би почнале да ѕвонат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1