Лекарите во Русија случајно го заразиле16 месечно бебе со ХИВ вирусот, за време на трансфузија на крв, соопштија руските власти кои отворија истрага во врска со случајот
Бебето, за кое медиумите наведуваат дека се вика Даниела, примило крв во детската болница во Санкт Петербург.
Бебето морало да прими крв по операција поради воспаление на дел од стомачните органи, до кое дошло откако тоа проголтало шест магнети кои се наоѓале на играчките со кои си играло.
До грешката дошло, затоа што лекарите не знаеле дека таа крв за трансфузија се уште била во карантин.