Заробените терористи од Диво Насеље признале се?!


Оперативците на албанското разузнавање “ШИШ” се првите кои преку директни контакти и средби дознаваат за намерите на водачите на терористичката група и нивните планови за акции во нашата држава, меѓутоа таа инфромација ја доставуваат само до косовските колеги, пренесува Вечер.мк

Водачите на терористичката група елиминирана во кумановското Диво Насеље била под две истраги, на косовската полиција и на косовската и албанската разузнавачка служба, дознава Вечер. Тие биле следени и прислушувани повеќе од една и пол година, а во последните неколку месеци за нивните активности и намери информации собирале најмалку четири разузнавачки служби, вклучувајќи ја и македонската.teroristi predavanje1-500

Кон крајот на минатата година, групата го привлекува вниманието на албанската разузнавачка служба – ШИШ, која прва ги открива вистинските намери на терористичката група, но и нивната бројност. Дотогаш сите оперативцни сознанија биле дека станува збор за помала група од петмина члена. Информациите веднаш ги доставува до косовската разузнавачка служба КИА, но не и до нашата Агенција за разузнавање. Тие имаат директен контакт и средби со Деми Шеху и Сами Ушкини преку нивните оперативци А.Џ. со седиште во Приштина и Д.Љ. од Тирана. Средбите се во перидот од ноември 2014 до април годинава, во Призрен и Ѓаковица, кога конечно се утврдени и намерите на терористичката група за извршување на насилни и терористички акти на територијата на нашата држава.

krvav_maj_teroristi_haradinaj

Косовските разузнавачи во јануари повторно отвораат истрага за терористичката група, но тоа се случува откако тоа од нив го бараат најмалку две безбедносни служби кои веќе имаат информации за намерите на Ндрецај, Ризај и нивната група. Косовските разузнавачи бараат и добиваат дозвола за примена на посебните истражни мерки, односно следење на комуникациите.

Меѓутоа Ндрецај, Ризај, Ушкини и Шеху имале свои луѓе во безбеносните агенции на Косово и знаеле дека се прислушувани. Токму затоа тие почнуваат да играат на друга карта, ја менуваат тактиката и наместо да се притаат почнуваат да делуваат што е можно поотворено и јавно. Нивната цел е да добијат внимание и да се претстават како моќна група. Токму затоа имаат директни контакти и се обидуваат јавно да инволвираат што повеќе лица во нивната мрежа на регистрирани контакти.

terorist

Водачите на терористичката група намерно ги користеле мобилните телефони кои се прилушувале за да контактираат со што е можно повеќе припадници на политичките партии и безбедносни служби во Косово, Албанија и Македонија, а во разговорите отворено ги кажувале своите намери и цели. Ндрецај, Ризај и Шеху оствариле контакти со локален персонал на неколку амбасади во Косово и Македонија како и со припадници на меѓународни мисии сите етнички Албанци.

Според нашите информации терористите знаеле дека иако македонските безбедносни служби не добиле никакви информации од косовските и албанските колеги веќе имале некакви информации за нивните намери, па затоа телефонски и со СМС-пораки почнале со закани кон Албанци, поранешни припадници на ОНА, кои се вработени во нашите безбедносни служби.

Засега само може да се шпекулира дали косовските и албанските разузнувачи сакале да ги спречат во намерите или пак им помагале во организацијата на акциите со кои би се дестабилизирала нашата држава.

Тоа може да го одговорат двајцата водачи на терористичката група кои се предадоа во Диво Насеље, Шеху и Ушкини кои допрва треба да дадат искази во истрагата на Јавното обвинителство.
Овие двајца се единствените кои во моментот ги имаат точните одговори на најбитните прашања за мотивот и целите, финансирањето на групата и логистиката и секако улогата на разузнавачките служби и целта на нивните меѓусебни средби.

Vecer.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1