Засекогаш затвори очи: Почина девојчето кое се „омажи“ за својот татко!


Попи која кое минатиот месец се „омажила“ за својот татко ја изгуби битката за животот, објавиле нејзините родители.

Малата Попи Маи(1) боледувала од рак, а откако докторите прогнозирале дека има само неколку дена живот, нејзиниот татко Енди Барнард одлучил да ја исполни својата голема желба и да и приушти свадба од бајките на која се „омажила“ за него, пишува Дејли Маил.popi

– Кога дознавме дека ќе имаме ќерка, реков дека еден ден ќе има венчавка од соништата, но не мислев дека ќе биде вака, рекол скршениот татко.

На девојчето прво и било дијагностициран рак на бубрегот, па потоа и се проширил на белите дробови и на крај на мозокот. Докторите рекле дека на девојчето и остануваат само неколку дена живот и му дозволиле на семејството да си ја однесат дома, каде ги поминала последните мигови од животот. Починала на рацете на нејзиниот татко, додека нејзината мајка ја милувала по глава, објавило семејството.popi1

– Денеска ја гледав нашата прекрасна ќерка како добива ангелски крилја. Иако ме боли што нема да гледам како расте и како се смее, знам дека сега е мирна и ќе оди на место каде нема болки и патења, рекла нејзината 29-годишна мајка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1