Заштитниот слој на Земјата кој не заштитува од Сонцето попушта


Последните истражувања и студии направени од експерти и научници во НАСА, покажуваат дека соларните радиоактивни честички го пробиваат заштитниот слој на Земјата и навлегуваат во површината на планетата, со што предизвикуваат електромагнетните импулси и ултравиолетовите радиоактивни тушеви, од кои би можела да мутира човечката и животинската ДНК, и да ја промени динамиката на идниот живот.

„За ваквиот потенцијален смртоносен феномен немавме доволно утврдено доказни материјали“ признал Мелвин Голдстајн, астрофизичар во „NASA’s Goddard Space Flight Center“.

Вклучениот аларм меѓу научниците, потврдува дека плазма брановите познати како Kelvin-Helmholtz effect, се пролизгува низ првата одбранбена линија, овозможувајќи радијацијата од сонцето, продре и да се прелее во одредени региони на планетава.


Сонцето дава живот, мутира живот, понекогаш и го прекинува животот.

Земјата е заробена во орбитата околу Сонцето. Доколку истото делумно експлодира или пак исфрли голем број на X- одблесоци во насока на земјата целиот живот онаков како што го знаеме ќе биде уништен.

Единствено нешто што ја штити Земјата од насилството на гневното Сонце е магнетниот меур што ја опкружува Земјата.


За жал геофизичарите и астрофизичарите се согласни за еден алармантен факт: Земјиниот заштитен слој, магнетосферата протекува како сито, со периодични смртоносни зраци кои стигнуваат до одредени региони на планетата, убивајќи дел од животот, а истовремено друг дел мутира, барајќи го својот нов начин на живот.

„Сончевиот ветер може да навлезе во магнетосферата на различни локации и под различни услови, за кои што не сме знаеле претходно“, вели авторот на шокантната студија доктор Мелвин Голдстајн.


Новите студии ја откриваат кревкоста на магнетосферата и откриваат дека првата одбранбена линија на Земјата не само што може да биде прекршена, туку истата веќе попуштила многупати досега.

Кога силните соларни честички ќе продрат низ штитот, нивото на опсност ќе зависи од тековните активности на Сонцето. Доколку неговата активност е преголема тогаш ризикот на површината на Земјината кора да биде уништена е се зголемува експоненцијално.


Во најдобар случај може да бидат засегнати само радиобрановите и сателитите. НАСА и ЕСА се загрижени поради експолозијата која што може буквално да го нокаутира делот од Земјата каде што се наоѓа Северна Америка, делови од Јужна Канада и северниот дел од Мексико и да ги врати назад во 18 век.

Предупредувањата стигнуваат и од доктор Хван Киоунг Хванг, задолжен за вселенските летови во НАСА и главен автор на студијата за магнетосферата.
„Универзумот е многу опасна и неопростлива средина, но за жал тој е и единствениот кој што го имаме“, вели Хванг.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1