Ригорозни казни, одземање на возачките дозволи и забрана за управување на моторни возила. Со вакви санкции ќе се соочат возачите, особено помладите категории доколку за новогодишните и божиќните празници возат под дејство на алкохол. Статистиката покажала дека во овој период од годината, расте бројот на несреќи со трагични последици, што ги поттикна институциите да реагираат со заострени санкции.
Кампањите на министерството за внатрешни работи и РСБСП кои се спроведуваат извесен период, даваат резултати и бројки кои бележат намалување за 30-тина проценти.
Почесто користење на јавниот и такси превозот особено кога се конзумираа алкохол апелираат од РСБСП. Тоа во голема мера ќе ги намали сообраќајните несреќи, жртвите, тешките повреди, но секако и ќе ја намлите можноста од добивање парични казни.