Двајца жители на Гази Баба завчера пријавиле дека пронашле заскитани куршуми, соопшти МВР.
Во првиот случај Д.Д.(48) околу 17.45 часот пријавил дека во дворот од сопствената куќа пронашол заскитан куршум. Зрното било на покривот на паркиран автомобил „рено“, сопственост на такси-компанија. Петнаесет минути подоцна друг граѓанин во полиција пријавил дека на терасата од домот нашол заскитан куршум.