Застанува на лудиот камен: Хурем се мажи (ФОТО)


Турската актерка Мерјем Узерли веќе извесно време ужива во стабилната врска со бизнисменот Алп Ожкан, а како што пишуваат турскиот медиуми, двојката е на чекор до венчaвката.meryem-uzerl-041355DA

Се чини дека лошата среќа во љубовта конечно ја напушти убавата турска актерка, а според турските таблоиди, популарната Хурем конечно би можела да застане на лудиот камен. Актерката, која поранешниот свршеник ја остави веднаш откако забремени, конечно ја најде среќата во бизнисменот Алп Ожкан. Двојката го поминува секој слободен момент заедно, а нивните пријатели се сигурни дека оваа врска ќе заврши убаво за Хурем.

Со турскиот плејбој Џан Атеш, со кого беше во бурна врска, ја доби ќерката Лара.

– Многу се среќни, се надополнуваат еден со друг на најубав начин и сè почесто разговараат за бракот. Вљубени се, па зошто да не се венчаат- им порачала неодамна на новинарите блиска пријателка на Мерјем, а тие шпекулции ги потврдила и мајката на Мерјем.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1