Површината на тлото на одредени места во централна Италија пропадна за 70 сантиметри по земјотресот со јачина од 6,5 степени кој ја стресе земјата во неделата, соопшти денес италијанскиот Совет за истражувања.
Врз основа на сателитски снимки, научиците од Советот и Институтот за геологија и вулканологија откриле деформација на тлото на површина од 130 метри квадратни во планинска област.
Делови во околината на Перуџа, околу 10 километри од епицентарот на земјотресот се потонати за 70 сантиметри, се наведува во соопштението на Советот.
-Толкаво потонување на тлото е невообичаено, изјавил за Франс прес портаролотна Советот за истражувања Марко Ферацоли кој додал дека по земјотресот на 24 август во Италија, земјата пропаднала до 18 сантиметри.
Снимките од воздух покажуваат дека планината е „пукната“ на одредени места.