Застрашувачки злостор го потресе Балканот: Монструм си ги уби сопругата и детето на грозоморен начин (ФОТО)


Марко Николиќ (43), монструмот кој пред бројни очевидци за закла својата сопруга Маја Ѓорѓевиќ, синот Михаил претходно со раце се обидувал да го задуши на гробиштата во Белград, пишува српски „Блиц“.

Откако неговиот крвав пир, во кој ги уби синот и сопругата пред Центарот за социјална работа во Раковица, притоа повредувајќи тројца вработени во Центарот, ја згрози цела Србија, денеска во јавноста испливуваат нови детали за злочинот на Николиќ.

Го давел синот на гробишта

Според неофицијалните информации од истрагата до кои дошол „Блиц“, Николиќ најпрво својот четиригодишен син со раце го задушувал на белградските гробишта. Не е познато зошто монструмот со својот син се упатил во тој правец, но извесно е дека крвавиот пир всушност започнал таму.

Меѓутоа, детето сепак не починало од гушење. Во полусвесна состојба, но сепак со знаци на живот, детето е донесено во Центарот за социјална работа во Раковица, каде починало откако полудениот татко го треснал од подот пред очите на мајката. Од тој удар, детето добило скршеници на черепот и карлината коска, од што и починало.

Повеќе од 50 убоди

Откако го усмртил детето, монструмот ја убил и мајката. Податоците од истрагата се навистина застрашувачки. Според првичните податоци, Николиќ ја убил Маја со дури 50 убоди.Кога вработените во Центарот за социјална работа се обиделе да го запрат, ги нападнал и нив- тројца тешко повредил.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1