Застрелан водач на навивачка група на „Партизан“


alen-kostic-1383641466-392387

Дваесет и осум годишниот Ален Костиќ, еден од водачите на навивачката група на Партизан е ранет вчеравечер околу 23 часот при престрелка во белградската населба Железник.

Како што пишува српски Курир, инцидентот се случил пред куќата каде живее Костиќ,  бил застрелан во пределот на двете натколеници и изгубил доста крв.

Веднаш со возило на Брзата помош е пренесен во Институтот за ортопедско-хируршки болести „Банјица“.

Костиќ е познат како водач на екипата Саут Фемили, која припаѓа на групата „Забрањени“ и која е во судир со „гробарите“ кои се наоѓаат на јужната трибина. „Забрањени“ се во судир и со навивачката група „Алкатраз“, од која се обидуваат да го преземат приматот на јужната трибина.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1