Дваесетгодишна девојка синоќа била застрелана од пиштол во стан на улицата „Илинденска” во Гостивар, информираат од СВР Тетово.
Според првичните наоди од извршениот увид, синоќа половина час по полноќ, во станот сопственост на Н.Е. (45) била тешко ранета неговата ќерка Ф.Е. (20). Од еден куршум таа здобила влезно-излезна рана во стомакот, по што била пренесена во Гостиварската болница, а оттаму како итен случај е префрлена на Скопските клиники каде како тежок случај е задржана на лекување.
По увидот на јавниот обвинител и екипа на СВР Тетово, најден е пиштол и подигнати се траги кои се дадени на вештачење. Засега не се знае како дошло до ранувањето и дали станува збор за обид за самоубиство и кои се мотивите кои довеле до немилиот настан.