Во светот на познатите и славните во изминатите неколку децении се случија многу мистериозни убиства и самоубиства, а дел од нив и до ден денес не се разрешени. Кои ѕвезди биле „трн во око“ на останатите и кој ја посакувал нивната смрт, но и зошто истрагата ништо не открила, се прашања кои никогаш нема да добијат прецизен одговор.
Сепак ова се некој од најмистериозните убиства и детали за иситите.
Брус Ли
Легендарниот Брус Ли, најголемата ѕвезда на филмовите за борење кој во 1973-та година наводно заминал на разговор со продуцентот Рејмонд за да разговараат за неговиот нов проект „Game of Death“.
Според кажувањата Брус се пожалил на главоболка на што Рејмонд му понудил аспирин и лек за опуштање на мускулите. По оваа доза актерот заспал и никогаш повеќе не се разбудил. На аутопсијата е пронајден само тој лек, но полицијата за неговата смрт вели дека настапила поради лошата реакција на дрога или поради „смртоносниот удар“ кој го добил неколку недели претходно за време на една борба.
Неговиот син Брендон Ли, исто така мистериозно почина на сетот на филмот „The Crow“.
Мерлин Монро
Најсексипилната актерка на сите времиња беше зависна од алкохол, но и од мажи кои на крајот и „пресудија“.
Русокосата убавица беше во врска со дел од највлијателните мажи во тоа време, како Артур Милер и Џо ДиМагиом, но најголема грешка и беше аферата со семејството Кенеди. Мерлин Монро спиела и со двајцата браќа, но се вљубила во ЈФК, кој се обидувал на сите начини да се ослободи од неа.
Актерката на 36-години беше пронајдена во својот дом во Брентвуд. Мерлин почина поради предозирање со апчиња, а полицијата нејзиниот случај го прогласи за самоубиство.
George Reeves
Џорџ се прослави со серијата за Супермен, во која се истакна благодарејќи на неговото убаво лице и мускулесто тело. Сепак по завршувањето на серијата актерот не можел да пронајде работа, а со тоа и да го одржи екстравагантниот стил на живот.
Тој бил пронајден мртов во работната соба во Лос Анџелес, а извештајот вели дека се застрелал во глава додека неговата вереница и пријателите биле на забава на долниот кат.
Елизабет Шорт
Елизабет е попозната како Black Dhalia, млада келнерка со голем сон за актерска кариера. Таа се пријавувала на сите аудиции, а на 22-години починала на бизарен и мрачен начин, а нејзината смрт инспирирала многу режисери.
Елизабет исчезнала на 9 јануари 1947-година, а нејзиното тело било пронајдено по десет дена. Младата девојка била пронајдена исечена на половина, а целото лице и било уништено.
Полицијата ги испрашувала сите момчиња со кои таа била во врска, но немале доволно докази за да обвинат било кого.