Во Норвешка се наоѓа затворот Халден, кој неодамна беше прогласен за најхуман во светот.
Затворениците во оваа зграда која чинеше 25 милиони евра имаат многу удобно сместување.![]()
Секоја ќелија има фрижидер, телевизор и бања. Не само што просториите немаат решетки, туку имаат и прозорци, со цел затворениците да имаат повеќе светло.
Заедничката кујна, наменета за 10-15 затвореници ги има сите потребни апарати и уреди.
Во зградата се наоѓа и студио каде затворениците можат да експериментират и снимаат песни. Исто така, на располагање им е голема библиотека, фитнес центар, ѕид за рекреативно качување, како и првокласна медицинска и стоматолошка услуга.
Инаку, во овој затвор претстојува и Андерс Брејвик, кој отслужува казна затвор од 21 година заради убиство на 77 лица во текот на 2011 година.
Kurir









