Затворен аеродромот во Келн


Поради безбедносни причини денеска е затворен аеродромот во градот Келн.

Oдлуката за затворање е донесена откако службите за безбедност откриле човек што се обидел да ги избегне пунктовите за проверка на патници.KELN AERODROM

Осомничениот искористил врата во близина на аеродромскиот супермаркет за да влезе во просторот од каде што патниците директно влегуваат или излегуваат на аеродромската писта, пренесуваат локалните медиуми.

Според полицијата по откривањето на засега неидентификуваното лице, аеродромот е затворен, а патниците од пет авиони кои биле подготвени за полетување на аеродромската пиита морале да се вратат во аеродромските терминали по вклучувањето на ѕвоното за тревога.

Целосно е евакуиран терминалот 1 на аеродромот „Конрад Аденауер“, по што сите патници ќе мораат да минат нови безбедносни проверки.

Аеродромот во Келн беше на листата на објекти што пред два месеци беа споменати во заканата за терористички напади објавена од членови на Исламската држава.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1