Затворени продавници, празни паркови, преполни улици- огромен собир и парада – 1ви Мај во Осло


Под паролата “Одбрана на академските права- не за буржоаска влада”, Работничката партија во Норвешка на чело со лидерот и истовремено премиер на Норвешка, Јанс Столтемберг, како и многубројни други организации денеска го одбележаа 1ви Мај- Меѓународниот ден на трудот.

DSC08132Народот кој секој сончев зрак и слободен ден го користи за скара во најблискиот парк, денешниот ден го одбележа поинаку- излезе на улица со бројни пароли во името за работничките права. “Не за регулирање на пазарот и приватизација”, “Одбрана на државните пензии”, “Не за продажбата на Осло”, “Европска солидарност”. Ова се само дел од паролите кои денеска ги истакнаа граѓаните низ улиците на Осло.
“1ви Мај е празничен ден кога ги славиме најважните алатки на работничкото движење- заедништвото и солидарноста” меѓу другото изјави премиерот Столтемберг.
Секоја година на овој ден, голема маса народ се собира на така наречениот Младински плоштад во центарот на Осло за да го одбележи денот на трудот и работничките права.

DSC08138 Црвени знамиња рамо до рамо со норвешкото знаме се виорат на илјадници места ширум престолнината на Кралството Норвешка.
По неколку часовниот собир на Младинскиот плоштад, насобраните граѓани придружувани со бројни оркестри се упатија кон централната улица во Осло, Карл Јохан.

Парадата во чест на работничките права е исто така дел од традицијата на одбележување на овој ден.
Инаку, во Норвешка Меѓународниот ден на трудот за прв пат е одбележан во 1890 година во Кристијанија (денешен Осло) и Кристијансанд. 57 години подоцна, во 1947 година, 1ви Мај станува државен празник.

Тогашниот Парламент донесува Закон со кој 1ви Мај и официјално станува државен празник и воедно неработен ден во Норвешка.
За МкNews од Осло, Норвешка

За МКnews од Осло – Славица Савеска Кењереш

DSC08138

DSC08132

DSC08127

DSC08148

Славицa Савеска Кењереш

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1