Затворени се оперативните сали на скопската Клиника за очни болести


Од скопската Клиника за очни болести испратија соопштение во кое наведуваат дека салите за операции се привремено затворени и нема да се извршуваат хируршки интервенции до 18 септември.

„Клиниката за очни болести информира дека е во тек изведување градежни реконструктивни активности на оперативниот блок и поради ова хируршките сали ќе бидат затворени и нема да се вршат хируршки интервенции до 18 септември 2017 година. Сите итни случаи навреме се згрижени и во овој период пациентите се оперираат во септичната сала за хируршки интевенции“ се наведува во соопштението.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1