Затвореник нападнал и повреденл две жени во Тетово


Тетовската полиција го приведе 37 годишниот Ш.Ш. од село Нераште како осомничен за две разбојништва кои се обидел да ги изврши во текот на вчерашниот ден.

tetovo-Вчера околу 21 часот Ш.Ш со синџир ја нападнал 60 годишната У.С. пред влезот на нејзиниот двор на улицата „Иво Лола Рибар“. Почнал да ја удира по рацете и телото за да и ја земе чантата, но таа му се спротиставила и почнала да вика помош. Кога разбојникот успеал да и ја одземе чантата, дошол нејзиниот сосед П.М. (29).

Тој, пак, ја одзел чантата од Ш.Ш. кој избегал во непознат правец. Нешто подоцна, околу 22 часот, Ш.Ш. влетал во аптеката „Бле медика“ на улицата „29 ноември“, ја нападнал и ја истуркал вработената Н.К.(46) од Тетово во помошната просторија каде немало камери со цел да ги одземе парите од касата.

Таа успеала да го активира алармот па разбојникот бил совладан од обезбедувачи. Во неговите џебови биле пронајдени околу 15 илјади денари додека расфрални околу него имало уште 33 илјади денари, информираат од тетовската полиција.

Ш.Ш. е затвореник кој за време на викендите кога излегувал од затвор вршел повеќе кражби и разбојништва. По расчистувањето на последните две разбојништва, како и на евентуалните други случаи, против него ќе биде поднесена пријава.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1