Осуденик од штипскиот затвор, ученувал 40-годишна тетовка, но и нејзиниот сопруг од кои за компромитирачките фотографии од жената барал компензација од 3.000 евра.
Истрагата утврдила дека жената сама му ги пратила фотографиите на затвореникот. Тој пак, за да спечали пари, прво неа ја уценувал, а потоа нејзиниот сопруг, кој пак исплашен за да не се расчуе за фотографиите, платил 25.000 денари.