Користејќи ја гужвата поради вонредната состојба предизвикана од поплавите, од затворот во Орашје во Босанска Посавина побегнале 16 затвореници, објавија босанските весници.
Групата затвореници побегнале синоќа по бунтот поради продорот на Сава од правец на населбата Копаница.
Припадниците на специјалната единица која во посавската жупанија е упатена да им помага на загрозените граѓани, успеала во текот на утрото да пронајде и уапси девет бегалци, додека по останатите се трага.
Околу 100 затвореници од КПЗ Орашје поради поплавите денеска се преместени во други затвори во Федерацијата БиХ.
Други извори наведуваат дека побегнале 19 затвореници и сите биле уапсени и вратени во затворот во Зеница.