Затвореници побегнале од затвор за да му го спасат животот на чуварот (ВИДЕО)


Кога нивниот вооружен стражар добил инфаркт, група затвореници во затворот Паркер Каунти во Тексас  ја провалиле бравата на своите ќелии за да го спасат.

Затвореници чекале судење, кога вооружениот стражар се онесвестил на својот стол. Затворениците се обиделе да повикаат помош, но никој не се појавувал.0707screaming2_1467935076439_3813782_ver1.0_640_360

Тие сфатиле дека нивното излегување од нивните ќелии за да му помогнат на стражарот ќе биде протолкувано како бегство и дека полицијата би можела да ги стави на нишан, сепак инстинктот за помош бил посилен од нив.

Затворениците на сила ја отвориле вратата од ќелијата, и со лисици на рацете продолжиле да повикуваат помош. Полицајците кои биле во судницата на горниот кат ги чуле и се симнале за да проверат што се случува.

Кога еден од затворениците го зел радиото на стражарот да повика помош, полицијата влетала во затворската соба и утврдиле дека станува збор за итен медицински случај.

Полицајците заклучиле дека постапката на затворениците била клучна да се спаси животот на стражарот – без нивната реакција би можеле да поминат повеќе од 15 минути пред некој да го пронајде.

Полицајците му пружиле прва помош на стражарот, реанимирајќи го додека не пристигнало амбулатното возило со дефибрилатор и повторно го вратиле во живот. Ова не е првпат затвореници да им прискокнат на помош на своите чуварите. Неколку затвореници во затвор на Флорида скокнале да го спасат чуварот кој бил нападнат од затвореник и се обидел да го задави.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1