Пред неколку минути заврши претресот на просториите на телевизија Сител на единицата за антитероризам. Според првичните сознанија бомба не е пронајдена, пренесува Нова Македонија.
За наводно поставена екслозивна направа било јавено во телевизијата во 22 и 10 минути. Женски глас кажал дека бомбата ќе експлодира за седум минути.
Истовремено со идентична содржина дојава за бомба била примена и во полицијата за истата локација. Вработените биле евакуирани за неколку минути.