Заврши средбата меѓу Иванов и претставници од Алијанса за Албанците


Претставниците на политичката партија Алијанса за Албанците си заминаа од кабинетот на претседателот Ѓорче Иванов по средбата со него на која се разговарало за актуелната политичка состојба. Од партијата не дадоа изјава за медиумите.ivanov-gjorge1-640x401

Како што соопшти Кабинетот на Иванов во 14:30 часот треба да почне средбата со претседателот на ДУИ Али Ахмети, во 16:00 часот со претседателот на СДСМ Зоран Заев, а во 17:30 часот со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

На консултации со претседателот Иванов, како што информираат од неговиот кабинет, беа поканети и претставници на ДПА.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1