Украинските националисти го урнаа споменикот на Ленин во центарот на Харков, втор по големина град во Украина.
Насобраните луѓе со аплаузи и со скандирање „Ова е Украина“ го поздравиле паѓањето на големиот споменик на водачот на Октомвриската револуција од 1917 година.
Во февруари годинава, веднаш по насилното тргање од власта на тогашниот претседател Виктор Јанукович, украинските националисти се обидоа да го урнат споменикот на Леник во Харков, но прориските демонстранти ги блокираа приодите околу споменикот, недозволувајќи тој да биде собпрен.
Непосредно пред националистите да тргант во акција за уривање на споменикот, губернаторот на регионот Харков Ихор Балута, потпиша наредба со која се дозволува уривањето, па во Киев се верув дека целаат оваа операција, што им се припишува на националистите, е направена во согласност со украинските власти.
Медиумите во Киев тврдат дека локалната полиција покренала истрага за „вандализмот“ околу споменикот и притоа откриваат дека најмалку едно лице е повредено при падот на масивниот споменик.
Украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков, сепак, признава дека не само што нема ништо против постапката на националистите, туку дека и го подржува соборувањето на споменикот.
На својата интернет страница, Аваков повика да се урне споменикот на, како што вели.„крвавиот комунистички идол“.