Збогум на летото, од утре драстична промена на времето – МОЖНИ СЕ ПОПЛАВИ


УХМР ја објави најновата временска прогноза за цела недела. Следува облачно и врнежливо време и пад на температурите.

gfvdgfdghfd

Почнувајќи од вечерва и во текот на ноќта кон вторник па се до крајот на неделата територијата на Македонија ќе биде под влијание на серија влажни воздушни бранови од Медитеранот.

Поради тоа се очекуваат чести врнежи од дожд кој ќе ги има над целата територија на Македонија.

На повеќе места врнежите ќе бидат ОБИЛНИ и се очекува поголема количина на наврнат воден талог.

Локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со обилни врнежи од дожд , електрични празнења и засилен ветер.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во случај на појава на електрични празнења да не се предстојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Исто така за време на електрични празнења да се избегнува разговор на мобилни телефони.

МОЖНИ СЕ ПОПЛАВИ: Поради обилните врнежи кои ни предстојат можна е појава на поплави па затоа навремено да се превземат соодветни мерки.

Од вторник (06.09.2016) температурите ќе бидат во големо опаѓање (ќе има пад на температурите за повеќе од 10 степени).

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1