Збогум Тито Петковски


Тито Петковски му кажа збогум на македонското Собрание. Тој во изјава за Утрински весник потврди дека нема да се кандидира за нов пратенички мандат.

tito-petkovski-564x272Мојата приказна со Собранието заврши на 24 декември 2012 година, кога беше погазена демократијата и достоинството на пратениците. Оттогаш не се ни појавувам на седниците“, вели Петковски

Петковски во собраниските клупи или на спикерското место поминал вкупно 23 години.

Петковски беше потпретседател на Македонското собрание во првиот парламентарен состав, пратеник во трите претходни парламентарни состави, а од 6 март 1996 до третите парламентарни избори во 1998 година и претседател на Собранието.

На претседателските избори 1999 година беше кандидат за претседател на РМ, предложен од СДСМ. По низата гласања и прегласувања, битката ја загуби од Борис Трајковски.

Пред изборите во 2006 ја формираше НСДП, која го направи парламентарното мнозинство со ВМРО-ДПМНЕ. Враќакќи се повторно во опозициските води, НСДП е коалициски партнер на СДСМ.

Во последниот состав партијата на Петковски НСДП имаше 4 пратенички мандати. Извори од Бихаќка брифираат дека во овј состав, Петковски не може да очекува повеќе од две места, иако како што пишува Утрински весник, останатите тројца негови пратеници, Горан Мисовски, Соња Мираковска и Николче Ацевски имаат пратенички амбиции. На нивно место се очекува да се сместат пратениците на ЛДП, кои барале 3 пратенички столчиња, но според последните информации, максимумот до кој можe да дојдат се две пратенички позиции.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1