Спотот е снимен во Македонија на почетокот на овој месец, на атрактивни локации во Скопје и Охрид.
Како специјален гостин во спотот покрај Чолиќ се појавува и Влатко Стефановски, а своја улога има и манекенката и поранешна лото девојка Натали Грубовиќ.
Видеото е во режија на Игор Иванов Изи и е замислено како своевидно патување низ времето и на пост-модерен начин ги поврзува различните локации и стилови, претставувајќи ја Македонија од нејзиното древно наследство до денес.
Текстот на песната “Ватра и барут“ го напиша Марина Туцаковиќ со помош на Чола кој е композитор на оваа нумера, додека аранжманот и продукцијата ја потпишува Никша Братош.