Здравко Чолиќ: „За мене и Солун е Македонија!”


На Здравко Чолиќ при гостувањето на Дневникот на Канал 5 му беше поставено прашање како се чувствува бидејќи можеби и за последен пат настапува во држава под официјално име Република Македонија и како гледа на тој момент?

Чолиќ одговори дека ја сака Македонија, Македонците, мисли дека самиот народ тоа треба да го препознае и да одлучи за името.

„Јас сум секогаш за Македонија, за мене секогаш е Македонија како и што беше пред 50-тина години, така и секогаш ќе остане. Кога одиш и во Грција имаат свое мислење, но јас знам дека и Солун е Македонија, и Скопје е Македонија“, потенцираше Чолиќ.

„Самиот народ треба да препознае и на некој начин да одлучат за сето тоа. Народот секогаш одлучува што е позитивно и добро за него, граѓаните треба да направат по своето мислење, а не водејќи се по туѓото“, појасни Чолиќ.

Инаку, поради големиот интерес на македонската публика, закажан е и втор концерт на Здравко Чолиќ во Скопје, на 17 ноември. Првиот, е една недела пред него, на 10 ноември, во ВИП Арената “Борис Трајковски“.

Чола во Скопје ќе го промовира актуелниот албум „Ono malo sreće“, а публиката ќе ужива и во старите хитови. Вчера, на неговиот јутјуб канал е промовиран нов спот за една од песните од албумот, „Ničeg nije bilo između nas“.

Здравко до сега неколку пати ја има наполнето ВИП Арената и Градскиот стадион, и има настапувано на многу манифестации на отворено. Рекордна посетеност имаше неговиот настап на Плоштадот Македонија во 2009 година, кога се славеше укинувањето на визниот режим кон ЕУ, а на концертот дојдоа повеќе од 100.000 луѓе. Ова е првпат да одржи два концерти во салата „Борис Трајковски“.

Билетите се во продажба преку мрежата на www.kupikartizase.com “Пола Југотон” и“Цвеќара Розе” – Веро 2. Концертите ги организира Прагма продукција.

Еве го гостувањето на Чолиќ во вестите на Канал5 – прашањето за името кое водителот му го постави на Чолиќ е на 9 тата минута од интервјуто

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1