Најпознатиот пејач на Балканот легендарниот Здравко Чолиќ за првпат снима видео запис во Македонија
Станува збор за видео спот за песната „Ватра и барут“ по која е насловен и неговиот четиринаесетти студиски албум, а се снима во македонскиот Ерусалим, Охрид.
Од свои извори Курир дознава дека главен женски лик кој ќе го разубавува видеото е поранешната манекенка и „Бинго“ девојка згодната Наталија Грубовиќ.
Покрај убавата Натали во спотот ќе се најде и нашиот гитарист Влатко Стефановски кој свири на оваа насловната тема од новиот албум „Ватра и барут“.