Здравствените тимови се повлекуваат од кризните региони


По механизацијата, од поплавените подрачја се повлекуваат и здравствените тимови. Од Инфективната клиника велат дека епидемиолошката слика е стабилна, но, предупредуваат дека ризикот за заразни болести се уште не поминал. Во наредните три месеци ќе има засилен надзор за да се сведе на минимум можноста од појава на епидемија, објави МРТ.brza pomos poplava

– Епидемиолошката слика е стабилна, имало само цревни и респираторни заболувања, вели директорот на Инфективната клиника, Ѕвонко Миленковиќ.

Сепак, предупредува дека ризикот за заразни болести не поминал. По инкубацискиот период, можно е да се појават во четвртата недела.

– Ризикот од појава на заразни болести не е завршен. Нашето присуство таму беше да се минимизира првиот бран. Од бројот на лица кои побараа консултација и на Клиниката, покрај во пунктот кој интензивно работеше во Стајковци, десетина беа хоспитализирани. Очекуваме некаде до четвртата недела, тоа е вториот бран, да се појават инфективни последици – изјави д-р Ѕвонко Миленковиќ.

Здравствените тимови денеска заминуваат од поплавените подрачја. Утре е последното прскање против комарци. Домовите и училиштата се дезинфицирани.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1