Здравство тврди дека нема лекарска грешка во смртта на трите бебиња


И по пет дена од смртта на 2,5 годишното дете во охридската болница сеуште нема ниту првични резултати од обдукцијата која треба да покаже од што починало девојчето кај кое дежурните лекари во саботата дијагностицирале вироза и по дадената терапија го пуштиле дома. После неколку часа детето повторно било донесено во здравствената установа во бесознание и без срцева акција.

Дали во медицинскиот третман има лекарска грешка, нема никакви информации ниту од комисијата формирана од министерството која го испитува случајот.

Здравствените власти само информираа дека нивната комисија не констатирала грешки во третманот на родилката и починатата тројка на Клиниката за гинекологија. Биле запасени сите протоколи за ваква ризична бременост и породување.

Опозицијата и денеска побара одговорност од властите за големиот број смртни случаи последните 10 дена.

– Македонското здравство ги имаше најцрните 10-тина дена во својата историја. Немаше ден, а да не се објавеше податок за починато дете. Медиумите деновиве пишуваа за 10 случаи во кои новороденчиња и деца ги загубија животите. Во сите 10 случаи Таравари си формираше комисии и ниту еден од 10 случаи не е затворен. Таравари одбива да разговара на темата. Се чувствува покомотен кога си објавува фотографии и политички ставови на фејсбук профилот. Родителите и натажените семејства не му се ниту на крај памет. Тоа е СДС и тоа е нивниот начин на владеење. Лицемерие, неспособност и незаинтересираност за граѓаните, изјави Дафина Стојаноска од ВМРО ДПМНЕ

На изјавата од ВМРО ДПМНЕ реагираше СДСМ.

– Ниту една лицемерна изјава или соопштение на ВМРО-ДПМНЕ не може да го сокрие хаосот што таа партија го остави во здравството.

11 годишното расипничко и криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ го урниса здравствениот систем. Додека поединци од ВМРО-ДПМНЕ се богатеа од криминални тендери, болниците и клиниките се распаѓаа и тонеа во долгови, редовно недостасуваа лекови и опрема, правата на пациентите се погазуваа, а илјадници лекари неможејќи да работат во нехумани услови, трајно го напуштија јавното здравство и државата, стои во соопштението од СДСМ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1