Зеќири: Со Сиљановска и Дурловски, Мицкоски не може да обнови ништо друго освен деструкцијата


Потпретседателот на СДСМ Мухамед Зеќири во денешната изјава за медиуми кажа дека ВМРО-ДПМНЕ е заглавена во матрицата на деструкција и одбраната на криминалот и дека со Сиљановска и Дурловски, партијата не нуди ништо прогресивно и европско.

„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да обноват ништо освен криминалиот режим и темните години на изолација и неизвесност.
Дали лидерот на ВМРО-ДПМНЕ планира да изврши обнова или разградување на земјата преку Гордана Сиљановска која јавно кажа дека се залага за откажување од Договорот од Преспа и соработката со Албанците во државата?
Ако Гордана Сиљановска е за поништување на Договорот од Преспа, ако за неуспешниот претседателски кандидат за Злбанците нема место во Република Северна Макеоднија, тогаш не може да се очкува ништо европско и прогресивно од ВМРО-ДПМНЕ“, рече Зеќири, кој дополни дека со ова раководство, опозицијата не посакува сигурна иднина за земјата.

Целата изјава погледнете ја во видеото:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1