Пратеникот на НДП, Изет Зекири, си поднесе оставка во Собранието, од, како што нагласи, етички причини.
„Јас бев кандидат за градоначалник на општина Тетово и не успеав да обезбедам соодветна поддршка од граѓаните.
Имајќи ги предвид изборните резултати, и покрај фактот дека перманентно се имам ангажирано максимално за заштита на правата и интересите на граѓаните на општина Тетово, сметам дека немам политички легитимитет и кредибилитет да ги преставувам граѓаните на Тетово во Собранието на Република Македонија“, пишува пратеникот на НДП во оставката.