Земете неповратни 3.000 евра и вработете се


1 Се повикуваат сите евидентирани невработени лица кои се:

• Долгорочно невработени (над 1 година евидентирани во АВРМ);
• лица на возраст од 30-49 години;
• млади лица до 29 годишна возраст;
• поранешни вработени лица во дејноста на енергетиката на кои работниот однос им престанал поради деловни причини;
• професионални војници на кои им престанала службата во АРМ;
• корисници на паричен надоместок по основ на невработеност,

како и:

nevrabotenost

корисници на социјална парична помош, лица со статус деца без родители и родителска грижа, жртви на семејно насилство, бездомни лица, поранешни корисници на дрога, родители на деца на улица, самохрани родители, родители со 4 и повеќе малолетни деца, лица под супсидијарна заштита, собирачи на ПЕТ отпадоци, Роми, млади брачни двојки со или без деца до 45 годишна возраст, возрасни лица од 50 до 59 години, осудено лице по отпуштање од казнено поправна установа,

и кои своето вработување сакаат да го решат со финасиска поддршка преку Програма за самовработување, да се пријават во работните клубови на центрите за вработување на АВРМ каде редовно се евидентираат како невработени лица

2 Финансиската поддршка опфаќа обезбедување на неповратни средства за набавка на опрема и/или репроматеријали во висина од 185.000 денари и помош во трошоците за регистрација на фирма.

3 Лицата од точка 1 на овој Јавен оглас кои се основачи на фирмата и кои финасиски ќе бидат поддржани, најмалку 4 години не можат да се евидентираат како невработени лица во АВРМ. Доколку лицето/ата од точка 1 престане со вршење на дејноста (а со тоа престане и работниот однос) пред истекот на 1 година од датумот на регистрирање на бизнисот, или пак само престане работниот однос, а на негово место веднаш не се вработи друго лице, има обврска да врати 80% од финансиските средства искористени за набавка на опрема и/или репроматеријали во паричен износ, во период од 12 месеци. Доколку престане со вршење на дејноста (а со тоа престане и работниот однос) пред истекот на 2 година од датумот на регистрирање на бизнисот, или пак само престане работниот однос, а на негово место веднаш не се вработи друго лице, има обврска да врати 60% од финансиските средства искористени за набавка на опрема и/или репроматеријали во паричен износ, во период од 12 месеци.

4 Заинтерисираните невработени лица од точка 1 на овој Јавен оглас, пријави можат да поднесат најдоцна до 03.06.2013 година во работните клубови на 30-те центри за вработување во РМ.

5 Условите, правата и обврските поконкретно ќе бидат уредени со склучување на договор на невработените лица со АВРМ и УНДП.

Детални информации можат да се добијат во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на Република Македонија, контакт центарот 02-3298-297 и веб страната www.avrm.gov.mk.

АГЕНЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1