Земјата е пренаселена – во иднина ќе живееме во подводни населби?


Во тие колонии би живееле до 100 луѓе. Извор за енергија би можела да биде силата на брановите или поставување на соларни плочи на површината на водата. Овие населби можат да служат и за засолништа од катастрофи.

Земјата е пренаселена и преоптоварена – дали спасот е во иднина луѓето да се преселат под вода?

basar-11-Во 1986 на Флорида Јан Коблик отвори подводен хотел  – “Jules” Undersea Lodge” -кој се наоѓа 9 метри под нивото на океанот.Ноќевањето чини 675 долари, а гостите нуркаат за да дојдат до своите соби. Тука се изведувале венчавки, се одржуваат предавања за подводниот свет, хотелот нуди се!

Коблик е сопственик и на уште една подводна населба – “Marine Lab” – која американската морнарица и НАСА ја користат како истражувачка база и база за тренинзи. Коблик вели дека не постојат технолошки пречки да се изградат подводни населби. Кој има потреба и пари, може денеска да направи колонија – вели тој.

Во тие колонии би живееле до 100 луѓе. Извор за енергија би можела да биде силата на брановите или поставување на соларни плочи на површината на водата. Би можеле да се поврзат мали структурни целини за онолку луѓе за колку е потребно да се сместат.

Коблик и неговите соработници не почувствувале никакви нус појави откако поминале 60 дена во подводна населба. Според Коблик без последици под вода би можело да се живее 6 месеци./ извор: Би Би Си

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1