Земјотрес ja стресе Гевгелија


Во 17:11 часот на територија на Грција, во близина на граничниот премин Богородица, се случил земјотрес со јачина од 3.1 степени по Рихтеровата скала, регистрирала Европско-медитеранската сеизмолошка опсерваторија.530469-local_-520x455

Земјотресот бил на длабочина од 2 километри, а епицентарот бил во близина на Архангелос, на 20 километри западно од Гевгелија.

Во последните 48 часа, главниот град на Македонија беше потресен од десетици земјотреси од кои двата најсилни се движеа со магнитуда од 5.3 и 4.0 според Рихтеровата скала.

Покрај во Македонија, земјотреси се почувствувани и во Бугарија, Грција, а западот на Турција се тресе веќе цела недела.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1