Вчера околу 21.45 часот земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала, ја потресе Србија, а втор земјотрес имало и утрово во 1 часот и 25 минути со јачина од 2.5.
Според Републичкиот сеизмолошки завод во Белград, епицентарот на земјотресот бил кај Косјерич, во близина на Ужице, на длабочина од четири километри. Жртви нема, но српските медиуми јавуваат за помала материјална штета на неколку објекти.
Според жители на регионот каде бил епицентарот паѓале фасади и кровови на сите страни.