Вчера околу 10.40 часот во с.Долна Бањица, гостиварско, пред сопствениот дом, со два куршуми од пиштол во пределот на стомакот бил застрелан А.У. (54) од страна на зетот за ќерка, Б.С. (33) од с.Горно Седларце, тетовско.
Тој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.