Жена од Скопје вчера околу 15.30 часот била повредена на улицата Воин Драшковски. Таа вадела предмети од гепекот на своето возило.
Во еден момент во неа удрило „пежо 206“ со скопски таблички управувано од П.М. (32) од Скопје.
Повредената М.М. (68) од Скопје била пренесена во Ургентниот центар „Мајка Тереза“, каде и биле констатирани тешки повреди и е задржана на лекување.