Бројот на склучените бракови во второто тримесечје од оваа година е намален за 4,4 отсто во споредба со истиот период лани и изнесува 3.335 бракови, додека пак разведените бракови во истиот период од годината се зголемени и нивниот број изнесува 684, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика.
Додека бројот на живородените деца во второто тримесечје од оваа година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 5,5 отстои изнесува 5.470 живородени деца, додека пак бројот на умрените лица во второто тримесечје од оваа година бележи намалување од 5,4 отсто во споредба со истото тримесечје од 2012 година и изнесува 4 618 лице, а од нив 59 се умрени доенчиња.
Природниот прираст е позитивен и изнесува 852 лица, што значи, за толку лица бројот на живородените деца е поголем од бројот на умрените лица.
Skopje info