Зголемени мерки за безбедност, терористите планираат одмазда


Според информации на Алфа, во МВР веќе е во функција и кризен штаб каде се разменуваат информации за состојбата на терен.

Полицијата го зголеми нивото на безбедност, поради сознанија дека приврзаници на уапсената криминално екстремистичка група која на 9 и 10 мај отвори оган врз специјалците во Куманово, планира да киднапира  функционери, судии, обвинители како би издејствувале размена за затвореници. Инструкциите  за зголемување на безбедноста ги дал министерот за внатрешни работи Митко Чавков, а ги потпишале и двајцата директори на УБК и БЈБ, Андоновски и Савовски. Според информации на Алфа, во МВР веќе е во функција и кризен штаб каде се разменуваат информации за состојбата на терен.

Screenshot_196

Насоките се да се зголеми обезбедувањето на стратешките објекти, полициски станици, касарни, магацини. Полицајците добиле и посебни насоки за носење оружје. Под строги критериуми е ставено и патролирањето на полицијата, како низ градските средини така и надвор од градовите. Алармот МВР го крена и за надзор на граничните премини, посебно зголемени се патролите на северниот дел од државната граница. Се зајакнува контролата и на напуштените објекти, а паднала наредба и за нивно зачестено проверување.

Според сознанија на полицијата во игра на можните киднапери се и македонски дипломати во странство, но за нивната безбедност одговараат странските држави. Нашиот извор вели дека и покрај подигнатиот степен на мерки за безбедност, работата во сите институции ќе тече и ќе се одвива нормално. На 9 и 10 мај во Куманово дејствуваа  37 лица  организирани во паравоена формација со ознаки на ОНА и униформи, вооружени со пешадиско оружје за водење на урбан тероризам. Во акцијата беа убиени 10 припадници на групата, останатите беа приведени, меѓу нив голем број на косовски државјани кои во истрага кажаа дека илегaлно влегле во Македонија. По разбивањето на терористите, во јавноста се шират информации дека постои можност за нивна одмазда.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1