Жан Митрев одбележува 17 години од прва операција на отворено срце во Македонија


Седумнаесет години од првата извршена операција на отворено срце во Република Македонија и 20 години од извршена трансплантација на срце на Универзитетската клиника во Франкфурт одбележува д-р Жан Митрев, директор на Специјалната болница по хирушки болести.

Посочи дека постојано до здравствените институции поднесуваат барања за добивање дозвола за извршување трансплантација на органи и ткива во болницата, но се соочуваат со административни пречки.

Доктор Митрев, кој направил над 15.000 операции на срце, рече дека во болницата на тројца пациенти им извршиле реконструкција на срце. Појасни дека станува збор за процедура во која срцето се вади од градниот кош на пациентот, се реконструира и се враќа во градниот кош.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1